ДИК разгледуваше пријави од дијаспората за гласање за предвремените парламентарни избори

Државната изборна комисија на попладневната седница прифати 524 пријави за гласање на македонски државјани во странство за предвремените парламентарни избори.

Девет се одбиени, дел поради некомплетнa документација, дел поради тоа што ги нема во Избирачкиот список.

Од списокот ќе се избришат и 153 лица поради тоа што се починати. Како што наведуваат од ДИК, од таа бројка 25 се починати лица од Кисела Вода, 47 починати од Центар, 45 починати лица во Чаир и 36 починати лица во Карпош.

Комисијата се очекува утре да расправа околу поднесените приговори за Избирачкиот список.

ДУИ бара од ДИК да се проверат адресите на живеење на 453 гласачи.

Опозицискиот СДСМ, пак, бара проверка на податоците на 20.600 избирачи од 22 општини запишани во Избирачкиот список

19.03.2014 - 21:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа