ВИДЕО: И Бијонсе се стопи на ова- за 5 минути отпеан целиот нејзин албум

„Суперфрут“ се толку супер што ја воодушевиле и Бијонсе го споделила видеото на нејзниот Фејсбук . Видеото има повеќе од 1,5 милион прегледи за неколку дена.

Мич Граси и Скот Хојинг се двајца момци од акапела групата „Pentatonix“ кои често прават кавер верзии на познати песни и албуми. Имаат неверојатна способност и талент да го модулираат гласот од најниски до највисоки тонови, па на тој начин добиваат звук на кој може да му позавидат многу музичари. Овојпат, тие направиле кавер верзија на најновиот албум на Бијонсе, каде сите песни ги пеат по малку, но тоа е одлично искомбинирано во само 6 минути и звучи фантастично.

17.03.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа