Над 96% од граѓаните на Крим го поддржаа приклучувањето кон Русија

 

Во Крим вчера беше потпишан  референдумот и  96,6 отсто од граѓанитего поддржаа вклучувањето на Кримскиот Полуостров кон Русија, покажуваат конечните резултати од гласањето, објавени денеска преку Твитер од прорускиот премиер на Крим, Сергеј Аксјонов. 

- Крајниот резултат од референдумот: 96.6 отсто „за“!, пишува Аксјонов. 

Кримскиот Парламент се очекува изутринава официјално да го одобри приклучувањето на Полуостровот кон Руската Федерација, повикувајќи се на референдумот, кој Киев и Западот го сметаат за нелегитимен. 

Шефот на Комисијата за референдумот, Михаил Малишев ги потврди резултатите преку кримска телевизија, која емитува програма на руски јазик. 

17.03.2014 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега