Велика Британија нема да го признае референдумот на Крим

Велика Британија го нарече фарса вчерашниот референдум во Крим за приклулчување кон Русија и одби да ги признае резултатите од гласањето. 

Портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија нема да го признае ниту референдумот во Крим, ниту резултатите од него. 

- Ја повикуваме Русија да почне дијалог со Украина и да ја реши кризата во рамки на меѓународното прави, додаде портпаролот. 

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави пред денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата дека дека референдумот го прекршува Уставот на Украина.

- Нема ништо во начинот на референдумот, што ќе не увери дека тој е законски. Тоа е фарса во демократската пракса. Обединетото кралство не го признава ниту референдумот, ниту резултатите од него, како и поголемиот дел од меѓународната заедница, рече Хејг.

17.03.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега