Трагедија на изборите во Србија: Човек умре среде гласање

Човек почина на избирачко место во Нови Сад, дознава РТВ. 

Според информациите на РТВ, околу 8:30 часот утринава, на засега непознат маж му се слошило во едно избирачките места во Нови Сад, Србија. Членовите на комисијата се обиделе да му помогнат, но безуспешно. Набрзо пристигнала и Брзата помош, но, лекарите само констатиралесмрт. Избирачкото место 183, каде се случила трагедијата, во моментот е затворено.

Граѓаните на Србија денеска на вонредни избори, избираат нов состав на републичкиот парламент. Избирачките места биле отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 20 часот. Право на глас имаат 6.765.988 граѓани.

16.03.2014 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега