Од премиерата во Женева новата C-Class и GLA директно во Скопје
Мак Аутостар со два нови модели на Mercedes-Benz го прославува 20 годишниот јубилеј
По неколку дена од европската премиера на автосаемот во Женева, новата C-Class е веќе во Македонија. Заедно со C-Class претставен е и сосема нов модел, Mercedes-Benz GLA, компактен SUV кој многумина со нетрпение го очекуваа неговото пристигнување, чиј концепт во премиум сегментот е единствен во светот.
Под мотото „Посветени како никој друг“, Мак Аутостар го прославува 20 годишниот јубилеј од своето постоење и на сосема невообичаен модерен начин,досега несвојствен за Mercedes-Benz, заедно со познатиот DJ Саф и Игор Сакс ги претстави во исто време двата нови модела. За оваа прилика салонот на Мак Аутостар беше целосно преуреден во Club Café.
„.Mercedes-Benz изминативе две години храбро го претставува своето ново лице, создавајќи мост меѓу модернизмот и авантгардата, меѓу традицијата и прогресот. Резултат на тоа се новите модели, со динамичен дизајн и сензуални форми кои мошне вешто ги поттикнуваат емоциите. Така е и со новата C-Class и новиот GLA, кои веќе се прифатени со воодушевување, изјави директорот за маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.
Новиот GLA –Class
Новиот GLA е премиум компактен SUV со купе дизајн. а до израз доаѓа мускулестата форма на возилото.
Кога ќе се погледне ентериерот, тој дава чувство на висок квалитет што е постигнато со помош на изборот на материјали со висок квалитет, како и динамичниот дизајн и прецизноста во изработката и поставеноста на разните детали.
Други опции кои се на располагање во внатрешноста се мултимедискиот систем COMAND Online, Bluetooth I USB конекција, како и Drive Kit Plus системот кој овозможува директно бирање на музика од I-phone.
GLA 4MATIC и off-road
Новиот GLA озможува не само виртуелно интернет патување, туку и вистинско и тоа на различни терени. За таа цел Mercedes-Benz во новиот GLA ја нуди новата генерација на 4MATIC – погон на сите тркала, со целосна варијабилна дистрибуција на вртежниот момент како опција. Овој унапреден ситем овозможува висока тракција со подлогата, полесен е за 25% во однос на системите на конкуренцијата и е може да пренесе моќност до 360 кс и вртежен момент од 450 Nm. Инаку, врвните модели се стандардно опремени со 4MATIC