Црна Гора ја предупредува Русија - Воздржете се од еднострана акција!

Црна Гора изразува загриженост поради најавата на промената на статусот на Крим и повикува на воздржување од едностран потег кој само може да допринесе дополнителна ескалација на кризата и подигање на тензиите. 

„Имајќи во предвид намерата на одржување на референдумот за независноста на Крим и реакцијата на целокупната меѓународна заедница, вклучувајќи ја и Европската Унија и ОН и Г7, Црна Гора изразува загриженост поради најавите за промена на статусот на Крим и повикува на воздржување од едностран потег кој само може да допринесе за дополнителна ескалација на кризата и подигање на тензиите што дополнително ќе ги загрози економските прилики и ќе го забави напредокот на економијата“, велат Министерството за надворешни работи и европска интеграција на Црна Гора.

 

Според Министерството одржувањето на референдумот не е во склоп со меѓународното право и законите во Украина и како таков не би требало да произведе правни последици, и да биде признат, а самото одржување би можел да ја загрози меѓународниот правен поредок и систем. 
Црна Гора е загрижена поради отсуството на интезивен дијалог и повикува на обнова на истиот во посредство со меѓународната заедница и на воздржување од атак кој не допринесува за зачуввање на мирот и безбедноста. 

14.03.2014 - 19:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега