Пилотот на малезискиот авион пушел и носел девојки во кабината!
Фарик Абдул Хами, 27-годишниот пилот на малезискиот авион кој исчезна со 227 патници и 12 членови на екипажот, го кршел протоколот во минатото и правел многу нешта кои се забранети да се прават во авион. Според податоците од светските медиуми, пилотот во својата кабина викал патници со кои се фотографирал за време на летовите, пушел, и се дружел со девојки.
Ккао што јавува "Herald san", еден таков инцидент се случил во 2011 година кога две русокоси биле кај пилотот и седеле со него во кабината.
- Во еден момент беа свртени кон нас и не гледаа напред каде оди авионот. Во еден момент ми ја допре дланката, не ни погледна што се случува со авионот. Пушеше и се забавуваше, велат девојките.
Компанијата "Malezija erlajnz" денеска објави дека е шокирана од тврдењата за кршењето на протоколот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа