"Ми удри два шамари и ме шутираше" - еве што и направил Адил на сопругата

Ќерката на Џеј Рамадановски, Ана рамадановска, по неколку месеци од непријатниот настан кој го доживеа откако нејзиниот сопруг ја претепа, реши да си ја отвори душата и да раскаже што се случило таа ноќ.

Ана потврди дека била претепана, но негираше дека била љубоморна и правела сцени, како што повеќепати изјавуваше Адил.

- Не е точно дека сум била љубоморна поради неговите настапи и тоа што се враќа доцна навечер. Се скаравме за ручекот кој го направив. Ме турна на подот. Јас го земав мобилниот и го фрлив на земја, а тој се скрши. Кога станав почна да ме брка низ куќата. Ме стигна и ми удри два шамара, вели ќерката на Џеј.

Ана додава и дека нејзиниот ттако и брат веднаш пристигнале, но не можеле да го спречат. Тој дивеел низ куќата.

- Го држеа но ме шутна од десната страна на стомакот иако поминаа само два месеци од породувањето, вели Ана.

За потсетување, Адил ја претепа својата сопруга пред неколку месеци, а тврдеше дека таа сето тоа го измислила.

12.03.2014 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега