Дубиоза колектив: Бесплатно ќе свириме за народот!

Популарната група  Дубиоза колектив одлучи да ги откаже сите комерцијални концерти во БиХ оваа година.

Како што велат, поради моменталната ситуација во оваа земја, тие ќе настапуваат бесплатно.

- Оваа година најважните работи за нашето општество ќе се случуваат на улица. Затоа одлучивме да свириме бесплатно на улица за народот и на тој начин да се солидаризираме и ги поддржиме сите граѓани кои се борат за подобар систем, појаснија членовите на бендот.

Организаторите на мостарскиот концерт - агенцијата PRimera, почитувајќи ја оваа одлука на бендот, ги повикуваат сите фанови кои веќе купиле билети, истите да ги вратат, а парите ќе им бидат вратени.

11.03.2014 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа