Вучиќ: Избори во Косово ќе се одржат на 16 март согласно договорот со Брисел

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ денеска изјави дека избори на Косово ќе се одржат на 16 март согласно договорот во Брисел и со ОБСЕ. 

- Некои луѓе очевидно го немаат тој вид на полтичка одговорност и внатрешна политичка стабилност. Но тоа не е наш проблем. Ние се договоривме нешто во Брисел и тоа ќе го спроведеме на дело, истакна тој.

Вучиќ додаде дека не очекува проблеми и го интересира само кој ќе победи на Косово од српските политички партии, а се друго е веќе регулирано.

Шефицата на приштинскиот преговарачки тим во дијалогот со Белград, Едита Тахири вчера изјави дека „Србија не може да организира избори на Косово и дека таа е соседна земја, а Бриселскиот договор за нормализирање на односите го означи крајот на мешањето на Белград во внатрешните работи на Косово“.

Таа потсети дека косовскиот Устав гарантира право на двојно државјанство, што им овозможува на косовските Срби да гласаат, но само по пат на технички модалитети кои ги овозможува мисијата на ОБСЕ.

09.03.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа