Чола воодушевен од "Доктори"

Супер финалистите на „Икс Фактор“, или машкиот бенд т.н. Доктори денеска се сретнаа во едно од белградските кафулиња се сретнаа со една од најголемите ѕвезди на балканот Здравко Чолиќ каде тој им посака голем успех во финалето и нормално ги пофали за досегашната работа.

- Секоја чест момци одлични сте. Ми се допаѓа тоа што вие го правите и начинот на кој го правите им рече Чола на “Доктори”.

 Младите пејачи не можеа да ги сокријат одушевувањата од ваквиот коментар и проговореа:

“Здравко Чолиќ е крал, и благодарни сме му на прекрасните зборови. Многу ни значи кога ќе добиеме комплимент од големи ѕвезди како што е тој” вели Марко.

Момците кратко се дружеа со Чола па своите впечатоци ги споделиај со фановите на социјалните мрежи.

"Бевме пресреќни кога го видовме. Тој ни пријде и не повика на неговата маса каде ни честиташе за досегашниот успех и ни посака многу успех и понатаму" вели Урош.

08.03.2014 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега