Земан: Кризата во Крим не би била толку длабока доколку не постоеше преседанот Косово

Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека решение на актуелната криза на Крим би била федерализација на Украина и јакнење на самостојноста на полуостровот.

Според него „се би било поедноставно доколку не постоеше преседанот Косово“.

- Сметам дека решение генерално би било федерализација на Украина и во тие рамки зајакнување на автономијата на Крим, која веќе постои, бидејќи Крим веќе има свој Парламент и своја Влада. Оваа криза би била далеку помалку длабока доколку не постоеше еден преседан, а тоа е преседанот Косово, ја пренесе изјавата на Земан, неговиот портпарол Јиржи Овчачек.

Земан, го повтори ставот дека сегашните тешкотии на кризата имаат свои корени во одлуката на советскиот лидер Никита Хрушчов во 1954 година, кога го подари Крим на Украина. 

06.03.2014 - 20:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега