Вистински роденденски подарок - Државна лотарија на Македонија усреќи млад битолчанец

Дваесет и три годишнот Никола Ивановски од Битола е добитник на автомобил Голф 7 од Интант лотаријата 7 Брзина.

Добитниот лоз му го подарила неговата мајка за роденден, го купила заедно со други 22 од продажното место Вагабонт во Битола.

По Скопје, Битола, според статистиките на Државна лотарија на Македонија важи за град со најмногу добитници.

Покрај 5-те премии - автомобил Голф 7, досега има и по еден добитник на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари во најновата Инстант лотарија на Државна лотарија на Македонија, 7 Брзина. Инстант лотаријата Седма брзина беше лансирана на 10 јули минатата година, а  на играчите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили Голф 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на Државна лотарија на Македонија е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.

06.03.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега