ВИДЕО: Новинарка даде отказ во живо поради Украина
Водителката на РТ Лиз Вал вчера поднесе оставка во живо, велејќи дека не може да се согласи со начинот на известување од кризата во Украина.
Таа изјави дека потекнува од семејство кое побегнало во САД по советската инвазија на Унгарија, и поради тоа не може веќе да работи за РТ.
- Лично веќе не можам да бидам дел од телевизиска мрежа финансирана од руската Влада, која ги правда постапките на Путин. Јас сум Американка и верувам во ширење на вистината. Затоа давам оставка, изјави Вал.
По оставката, Вал изјави дека од неа било барано да ги менува новинарските извештаи, за да изгледа дека САД се одговорни за кризата во Украина.
РТ се емитува веќе 10 години, а во САД е достапна на над 80 милиони граѓани и се смета за најгледана странска информативна телевизија, по Би-би-си.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа