Земан пресече- на изборите во Украина треба да има и чешки набљудувач

 

Претседателот на Чешка, Милош Земан смета дека неговата земја би требало да испрати набљудувачи на изборите кои би се одржале во Украина, поради ризик од фалсификување на нивните резултати.

Тој вели дека Влада не може да се составува на плоштади.

- Влада се формира врз основа на резултати на слободни избори. Убеден сум дека во Украина би требало што поскоро да има слободни избори, најдобро под надзор и со потполна контрола на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, рече Земан, додавајќи дека и Чешка треба да се вклучи со набљудувачка мисија заради ризикот од фалсификување на изборите. 

05.03.2014 - 19:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега