Кики: На Илма и е нанесена голема неправда
Поради елиминирањето од Икс Фактор на младата девојка со ангелски глас Илма Карахмет од Босна се огласи и нејзиниот ментор Кики Лесендриќ кој е исто така разочаран од нејиното испаѓање од шоуто.
- Не можам да опишам колку ми е жал што се случи ова, бев шокиран кога ги слушнав гласовите на публиката, а и гласовите на Жељко, Емина и Кристина. Не им замерив, но мислам дека не донесоа исправна одлука врз основа на тоа дека е премногу млада. Нејзината младост и е предност, а ако реално гледаме, таа е најдобриот пејач. Преовладуваше мислењето дека таа ќе победи, а потајно и јас мислев дека таа е фаворитот за победа и верував во нејзиниот триумф. Сега веќе не знам што да мислам. Да бидеме реални, „Доктори“ не можат да се мерат со Илма, но тие имаат голема гласачка публика бидејќи да се разбереме тие се побројни и ги имаат гласовите на тинејџерите. Илма беше заштитен знак на Х Фактор, таа со нејзините 13 години ја крена популарноста на шоуто и сите колеги го делеа истото мислење. Мислам дека и е нанесена огромна неправда.
Од останатите финалисти Кики го издвојува Даниел Кајмакоски, кој уште од стартот изградил стабилен пат и се гледа дека е еден многу талентиран човек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа