Какви се последните прогнози на лекарите за Шумахер?

Лекарите кои 24 часа будно ја следат состојбата на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, велат дека тоа што легендата се уште се нема разбудено од вештачката кома и што нема рефлекси не е воопшто добар знак.

Тип Азиз, еден од лекарите, вели дека тоа што Шумахер се уште се нема разбудено од кома значи дека има сериозни повреди и неговото опоравување би било многу тешко.

Последните денови нема официјални информации за состојбата од болницата. Потпаролот на Шумахер неодамна потврди дека во тек е процесот на будење од кома.

а потсетување, Шумахер доживеа несреќа за време на скијањето на француските Алпи пред два месеци.

 

02.03.2014 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа