Монструозно: Го убил татка си и го ставил во куфер

Полицијата конечно го реши случајот „Багаж". Се работи за убиството во Хамбург во кое животот го загуби 46-годишниот Албанец од Македонија, Амза Зекири.

Според податоците на Курир, полицијата за делото го уапсила еден од синовите на Албанецот.

Безживотното тело на Амза Зекири беше пронајдено на 6 февруари годинава, од страна на двајца 16-годишни случајни минувачи, спакувано во куфер. Неговиот 20-годишен син Аднан бил испрашуван и го признал делото на полицијата.

Хамбург актуел пишува дека според него, по вербален конфликт којшто го имал со покојниот татко, му го одзел животот и потоа заедно со брат му го спакувале во куферот.

По вториот син сеуште се трага.

02.03.2014 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега