ФОТО: Кире Лазаров готви заедно со колегите од Барселона
Во последниот натпревар од првата групна фаза од Лигата на шампионите, Барселона ќе гостува во дербито со Металург.
Пред натпреварот искусните ракометари решиле малку да се релаксираат, па организирале игра во која ќе зготват ручек.
Тие биле поделени на групи по четворица, а на крајот се избирало најдобра група.
Нашиот капитен Кире Лазаров бил во групата со Нодебсо, Шариќ и Рутенка, а судејќи по фотографиите кои беа објавени на социјалните мрежи изгледа дека одлично се снашле и во оваа улога.