ФОТО: Тигрица ги изгуби своите малечки па си посвои мали прасиња
Во зоолошката градина во Калифорнија, тигрица се породила, но имало компликации при породувањето и малечките се родиле предвреме и недоразвиени, па набрзо починале.
И покрај тоа што тигрицата физички закрепнала, таа почнала да паѓа во депресија поради загубата. Вработените во зоолошката се распрашале да најдат некои мали тигри од другите зоолошки, но од никаде не добиле позитивен одговор па решиле да направат нешто многу необично.
Тие нашле малечки прасиња кои биле сирачиња ги завиткале малите прасиња во костумчиња со шара на тигар, и ги дале на тигрицата наместо нејзините бебиња. Иако звучи неверојатно, но тигрицата ги прифатила, а нејзиното здравје почнало да се подобрува.