Австрија испраќа 130 дополнителни војници во КФОР

Австриската Влада одлучи денеска да го зголеми бројот на војниците во меѓународните мисии и поради таа одлука , мисијата КФОР во Косово предвидено е да бидат испратени дополнителни 130 војници.

Гералд Клуг , австрискиот министер за одбрана изјави дека Австрија уште во првата половина од оваа година ќе испрати дополнителни 130 војници на Косово.

Тој додаде дека тие војници пред се ќе извршуваат задачи во северно Косово и ќе ги заменат францускиот контингент на КФОР. По ова зголемување, австриската војска во КФОР ќе учествува со 500 војници.

На денешната владина седница беше донесена и одлуката  за зголемување на  бројот на војниците при мисијата ЕУФОР Алтеа во Босна и Херцеговина за дополнителни сто.

Со тоа Австрија ќе има најголем контингент во Косово и Босна и Херцеговина, како земја, која не е членка на НАТО.

18.02.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега