Стечаен управник од Кичево затајувал данок - еве колку ја оштетил државата

Гостиварчанец си заработи кривична пријава за затајување данок. Се работи за 59-годишниот Д.Ф. од Гостивар, вработен како стечаен управник на даночниот обврзник „Кичево Пром Компани“ ДОО Кичево, кој со намера да не плаќа данок,  не пресметал и неискажал данок на додадена вредност на продажба на дел од имот на даночниот обврзник.

Потоа гостиварчанецот на заложниот доверител со разлачко право „Буцко Петрол“ ДОО му продал деловен простор во Кичево во износ од 9.577.000 денари, за што од страна на Управата за јавни приходи му е пресметана обврска за плаќање на данок на додадена вредност од 1.723.860 денари. На заложниот доверител со разлачко право Ј. Ј. од с.Пласница му продал деловен простор во Кичево во износ од 2.200.000 денари, за кои од страна на Управата за јавни приходи му била пресметана обврска за плаќање на данок на додадена во износ од 396.000 денари. Потоа и на купувачот „Уникоп“ ДОО Кичево му продал имот во површина од 217 метри квадратни по цена од 42 евра за кој од страна на Управата за јавни приходи утврдено е дека пријавениот не изготвил и недоставил даночна пријава за овој промет во износ од 463.428 денари.

Пријавениот со ова причинил материјална штета во износ од 2.583.288 денари на Буџетот на Р Македонија. 

 

13.02.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега