Протестите во БиХ поддржани од бројни интелектуалци низ светот

Бројни интелектуалци од регионот и светот меѓу кои писатели, филозофи од држави од поранешна Југославија,како Даша Дрндиќ, Владимир Арсенијевиќ, Алида Бремер, Горан Феиќ, Среќко Хорват, Саша Илиќ, Рада Ивековиќ,Андреј Николаидис, Рената Салецл, Јасмина Жбаниќ, Славој Жижек денеска испратија писмо во кое ги поддржаа протестите кои со денови се одржуваат во повеќе градови во Федерацијата БиХ.

- Изразуваме целосна поддршка за легитимните барања и оправданиот гнев на граѓаните на БиХ. Нивното барање за пристоен живот, вистинска демократија, солидарност што нема граници одекна ширум светот, се вели во писмото за поддршка.

- Босанските демонстранти покажаа храброст и успеаја да ги надвладејат сите институционални пречки и сите ограничувања што владеат ширум светот и се наметнувани од владите врз граѓаните. Граѓаните на БиХ се спротиставија против системот на неправда и нееднаквост кој досега служеше само за мал број припадници на политичката, економската и финансиската елита, наведуваат интелектуалците.

Со оцена дека „светот во кој живееме е свет на поделби, засилен фашизам, политички и општествен апартхејд, капиталистичко уништување на заедничкото богатство на сите“, интелектуалците истакнуваат дека „граѓаните на БиХ тоа го проживуваат секој ден во изминатите 20 години“.

Според нив договорот за мир го оживеа капиталистичкиот систем а ја уништи работничката класа со што продонесе за вкоренување не само на етнички, туку и на социјални поделби што успешно ги искористувале од политичката елита.

Меѓу потписниците на писмото за поддршка се и американскиот лингвист и филозоф Ноам Чомски. британско-пакистанскиот писател и активист Тарик Али, италијанскиот филозоф Франко Бер и други писатели и интелектуалци од Германија, Франција и САД.

13.02.2014 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега