Икс-Фактор демантира: Нема никакви промени во шоуто

Одложувањето на шестата лајв емисија на музичкото шоу Икс-Фактор крена голема прашина во јавноста, па токму затоа, од продукцијата демантира дека шоуто од наредниот вторник ќе продолжи и се ќе иде исто како и досега.

Во соопштението се објаснува дека не постои никаква промена на плановите поврзани за популарното шоу, што значи X Фактор нема да го гледаме во изменета или скратена варијанта . 

Инаку, минатите елиминации беа одложени бидејќи повеќето од натпреварувачите ги кутна грипот, па од продукцијата сметаа дека не е фер некои натпреварувачи да имаат подобри настапи, а другите не, само бидејќи се болни и решија да ја одложат емисијата. Наместо не асе емитуваше специјална емисија Запознај го својот фаворит.

Финалето на најгледаното музичко регионално шоу е предвидено за крајот на март.

13.02.2014 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа