Пријателите на починатата полусестра на Џулија Робертс бесни на актерката

Блиските пријатели на сестрата на популарната холивудска актерка Џулија Робертс, се бесни на неа бидејќи како што велат таа и нејзината мајка и го свртеле грбот и не сакале да се грижат за неа.

- И сега имаме глумица која се грижи и плаче за својата полусестра за која никогаш не и беше гајле. Се ова е фарса, таа не се занимаваше со нејзиниот живот, велат пријателите на Ненси Мортс.

Стари семејни пријатели велат дека сите празници на Ненси и биле расипани и никој не се грижел за неа, а сега пред медиумите целото семејство тагува. Според нив, таа била во депресија бидејќи се чуствувала безвредно и осамено.

За потсетување, полусестрата на Робертс беше пронајдена мртва во својот стан, а најверојатно причина за смртта била предозираност.

13.02.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега