Ужас го потресе светот: "Што ќе правам без моето дете" - Питбул изеде 11-месечно бебенце

Уште еден хорор ја зави Велика Британија во црно. Мало 11-месечно бебенце било изедено од семејното куче, додека мајката заедно со момчето гледала телевизија.

Како што пренесуваат странските медиуми, 11-месечната Ави-Џејн Корлес ја нападнал семејниот Питбул, кој семејството го чувал долго време. Настанот се случил додека 26-годишната мајка Лиен Рајт гледала телевизија во друга соба од куќата во Блекбурн заедно со своето момче. Тие седнале во дневната соба додека нејзината ќерка спиела во детската соба. Откако слушнале врескање, веднаш притрчале во собата на бебето, а таму за жал виделе дека нивното куче по име Килер, што во превод значи убиец, ја нападнало малата Ави-Џејн. Глетката била ужасна. Бебето се грчело од болни, а целата соба била во крв.

За жал, ниту лекарите не успеале да го спасат животот на бебенцето од тешките повреди со кои се здобило при нападот. 

- Беше најубавото и најмилото бебенце на светот. Незнам што ќе правам без неа и како ќе ги живеам деновите, вели биолошкиот татко на бебето, Дин Корлес.

Мајката и момчето се приведени,а истрагата е во тек.

13.02.2014 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега