Еве кој ја „поставил“ бомбата во основното училиште во Тетово

14 годишно момче направи вистински хаос денеска во основното училиште Браќа Миѓени во Тетово откако преку e-mail на директорката и се закани дека ќе активира експлозивна нарпава во училиштето доколку не му исплатат 100.000 денари, јавува Курир. Полицијата успеала да го лоцира момчето кое се претставуваше како „Лудак ретардиран“

Во координација со Јавното обвинителство и со судска наредба одземен е компјутерот на малолетникот и истиот е предаден на понатамошно вештачење. СВР Тетово превзема дополнителни мерки за расчистување на случајот, а со осомничениот малолетник ќе биде извршен разговор во присуство на неговите родители за да се утврдат мотивите и намерите за лажната дојава, изјави за Курир портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

 

Момчето било поранешен ученик во училиштето

12.02.2014 - 22:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега