ВИДЕО: Како би реагирале вие ако пред вас киднапираат дете!?

Како би реагирале вие ако пред вас некој се обиде да киднапира дете?

Автор на најчудното видеото е 24-годишниот Јозев Еркат, кој преку ова видео сакал да ја поттикне јавноста во спречувањето на што повеќе киднапирања на деца.

Младиот актер во видеото, по име Нејтан, им приоѓа на случајните минувачи и им вели дека е прогонуван од маж во јакна.

Веднаш откако малиот Нејтан ќе се пожали на минувачот на улицата, мажот во јакна се појавува да ги убеди непознатите луѓе дека тој е неговиот татко.

Ова е социјален експеримент кој покажа и вознемирувачка страна на филозофијата, која за жал многумина ја прифаќаат, а таа гласи - Не е моја работа, не сакам да се мешам!

 

Имено, токму поради оваа мисла голем број од случајните учесници во ова видео дозволија Нејтан да замине со сомнителниот "татко", а еден маж дури и се ракуваше со него.

12.02.2014 - 17:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега