Британија се уште под вода- невремето не престанува

Западниот брег на Велика Британија изложен е на силни удари на ветар што може да достигнат брзина од 160 км/час, додека во останатите делови од државата има бури и поплави.

Метеоролошката служба предупредува поради „исклучително силни ветрови“ во западен Велс и северозападна Англија налетите на ветар може да предизвикаат големи оштетувања на инфраструктурата и проблеми во снабдувањето со струја.

Дождот кој оваа зима трае од декември минатата година предизвика и поплави на северозападниот дел од Англија, низинската крајбрежна област Самерсет левелс и долината на Темза западно од Лондон каде стотици имоти се поплавени откако реката во почетокот на оваа недела се излеа од коритото.

 

12.02.2014 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа