Запознајте ги новите Тарзан и Џејн

Комплетирана е екипа која ќе ги толкува улогите во филмот „Tarzan“. Улогата на Тарзан му беше доделена на швеѓанецот Александар Скарсгард, додека пак за улогата на Џејн е одбрана ѕвездата од „The Wolf of Wall Street“, прекрасната Марго Роби.

Покрај Скарсгард и Роби, за останатите улоги се ангажирани навистина звучни имиња меѓу кои се наоѓаат Кристоф Волц и Семјуел Л.Џексон, додека пак режисер ќе биде Дејвид Јејтс.

Дејствијето на филмот е малку необично.  Години по неговото враќање во општеството, Џон Клејтон III или Тарзан, добива молба од Кралицата Викторија да го испита конфликтот во Конго. Тарзан се здружува со Џорџ Вашингтон Вилијамс, бивш платеник, со цел да го спасат Конго од тиранијата на немилосрден воен лидер, кој има огромен дијамантски рудник.

Warner Bros премиерата на филмот ја закажа за 1 јули 2016-та година.

12.02.2014 - 14:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа