Со автомобилот влетал во ендек длабок 150 метри - велешанец заврши на интензивна

Страотна сообраќајна несреќа се случила утринава на патот Неготино-Штип. 64-годишниот велешанец И.Б. со авојот автомобил застава, излетал од патот и влетал во ендек длабок околу 150 метри.

Според податоците од полицијата, несреќниот возач сам се јавил во полициска станица по несреќата и побарал помош. 

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, при што е извлече автомобилот, а велешанецот бил пренесен во болница. Констатирани му се повреди на главата поради што е пренесен на интензивното одделение.

12.02.2014 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега