Стење: Го наполниле Мерцедесот со алкохол и се обиделе да го шверцуваат

Полицијата синоќа околу 23 часот во атарот на селото Стење откри пет лица кои нелегално се обиделе да изнесат алкохол од Македонија во Албанија.

Лицата биле затекнати кај месноста „Див паркинг“, на 150 километри од Стење, како од паркирано патничко моторно возило „мерцедес Е 200“ со бугарски регистарски таблички, пренесувале производи кои ги претоварувале во вреќи со намера илегално да ја минат државната граница и да ги пренесат во Албанија.

Се работи за 26-годишниот М.М. 29-годишниот Т.С. 28-годишниот А.Л. 24-годишниот Д.Т. и 30-годишниот Р.С. кои потекнуваат од Албанија, кои од автомобилот изнеле 234 шишиња од по 0,75 милилитри и 80 шишиња од по 3 литри разни сорти вино, како и 56 туби кечап и 120 восочни табли.

По извршен разговор е откриено дека 21-годишниот Љ.Ј. од Пустец ги ангажирал лицата за да ги транспортираат производите во Албанија.

12.02.2014 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега