Опасност од поплави по невремето во Хрватска

Силните врнежи,  зголемувањето на нивото на реките, затнатите одводни канали и топењето на големото количество снег во Хрватска предизвика поплави во поголемиот дел од земјата.

Загреб и околината се подготвуваат за справување со поплавите. Загрепските локални власти презедоа редовни мерки за заштита од поплави, додека здраствените власти предупредија дека има опасност од загадување на изворите и градскиот водовод.

Реката Купа во планинскиот регион Горски Котар се излеа од коритото и ги поплави локалните патишта. Се очекува да бидат преземени мерки за заштита од поплави по течението на реката Сава.

Во планинските региони во централна Хрватска, Горски Котар и Лика паѓа снег.

Во другите делови на земјата патиштата се влажни и лизгави и има опасност од лизгање на земјиштето.

12.02.2014 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега