Сирија: Пронајдена опрема за измачување затвореници

Во зграда на сириските сили за безбедност во северниот град Рака пронајдени се документи и опрема за тортура, што е доказ дека режимот на Башар ал Асад измачувал затвореници.

- Видовме документи, затворски ќелии, соби за испрашување и опрема за измачување во зградата на владините сили за безбедност, а што се согласува со описите добиени од поранешни затвореници од почетокот на бунтот во Сирија, изјави заменикот директор на ХРВ за Блискиот Исток Надим Хоури.

ХРВ побара од опозициските групи што моментално го контролираат градот Рака да ги зачува доказите, со цел одговорните да бидат изнесени пред лицето на правдата.