Царнаев го извршил нападот на Бостонскиот маратон за да се одмазди на американските војни

Обвинетиот за бомбашкиот напад на Бостонскиот Маратон, Џохар Царнаев оставил пишана порака во која нападите ги опишува како одмазда за американските војни во муслиманските земји.

Царнаев, напишал порака во чамецот, во кој беше пронајден ранет неколку дена по експлозијата.

- Во суштина пораката кажува дека нападот е одмазда за американските злосторства врз муслимани во Ирак и Авганистан, како и дека жртвите на Бостонскиот маратон се колатерална штета, на ист начин како што и цивилните жртви во американските војни низ светот се сметаат за колатерална штета, изјави репортер на ЦБС Џон Милер, поранешен портпарол на ФБИ, пренесува Ал Џезира.

најчитано сега