Расте бројот на жртвите на циклонот Махасен

Во силниот циклон што го погоди јужниот брег на Бангладеш загинаа најмалку 39 лица, а бројот на луѓе кои побегнаа од стихијата достигна еден милион.

Во јужните региони на земјата се откриени уште 14 тела на луѓе кои настрадаа при удар на ветровите, со интензитет до сто километри на час.

Метеоролозите соопштија дека Махасен треба наскоро да премине во тропски дождови и дека одроните ќе бидат голем проблем.