Бил Гејтс повторно на врвот на листата на најбогати луѓе во светот

Основачот и претседател на бордот на директори на „Мајкрософт“, Бил Гејтс повторно се најде на врвот на листата на најбогатите луѓе на светот.

Тој годинава го замени мексиканскиот магнат Карлос Слим кој досега беше на врвот на листата.

Во тековната фискална година активата на Гејтс е зголемена за околу 10 милијарди долари, или за 16 отсто, а Карлос Слим изгуби речиси три милијарди долари поради што Гејтс повторно дојде на врвот на листата.

најчитано сега