Лекарите загрижени: Шумахер не реагира на тестовите за рефлекси

Лекарите од болницата каде се наоѓа седумкратниот шампион во Формула 1 се загрижени бидејќи тој не реагира кога го штипкаат и боцкаат за да проверат каква му е состојбата.

Михаил Шумахер кој е во кома повеќе од еден месец, откако доживеа несреќа на француските Алпи, а за време на последните тестови кои му ги направиле лекарите за да ги проверат неговите рефлекси, тој воопшто не реагирал.

Инаку, лекарите за прв пат ги тестираат рефлексите на Шумахер откако е во кома. Тој не реагира на допири, штипења, боцкања, по неговото тело..

Шумахер досега само еднаш ги отвори очите на кратко.

10.02.2014 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа