Објавен конкурсот за издавање 39 ловишта под концесија

Премиерот Никола Груевски денеска по посетата на новата Лабораторија на Институтот за Патологија на Медицинскиот факултет во Скопје, изјави дека во тек е  конкурсот за издавање под концесија на 39 ловишта низ земјата.

- Веќе има објавено конкурс за 39 ловишта од кои 13 се за крупен дивеч, а останатите за ситен дивеч. Ова е добра можност за сите домашни и странски лица кои ги исполнуваат условите и критериумите во законот да се пријават. Оној кој ќе ја добие концесијата е тој кој што најмногу ќе понуди на електронска аукција. Ова е добро за локалниот економски развој и отвора нови работни места, изјави премиерот Никола Груевски. 

Конкурсот завршува наредниот месец.

10.02.2014 - 15:04
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега