Путин на работа ќе оди со хеликоптер

Претседателот на Русија Владимир Путин на работа ќе започне да оди со хеликоптер.

 Неговиот секретар Дмитриј Песков соопшти дека хелиодромот во Кремљ е готов и претседателот ќе го користи при секоја можност. 

Целта е Путин да не го попречува движењето во Москва.