"Ќе те убиеме и пратиме во пеколот" - и се закануваат на петгодишна ѕвезда на "Дизни"

Верувале или не, на петгодишна ѕвезда на Дизни и се закануваат со смрт! 

Според светските медиуми, малата Миа Телерико, која е ѕвезда во една од најпопуларните детски серии на Дизни, ''Good Luck Charlie'', од неодамна има свој Инстаграм профил, на кој некој и упатува заканувачки пораки.

- Ќе умреш, ќе гориш во пеколот, гласат пораките кои ги добива детенцето.

Засега не се знае кој ги праќа овие ужасни и застрашувачки пораки, а мајката на малата ѕвезда случајот веднаш го пријавила во полиција.

10.02.2014 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега