ВИДЕО: Радост за најмалите - Калимеро повторно на екраните

Калимеро еден од најомилените цртани ликови кај децата сега повтоно се враќа на малите екрани но овој пат со нова анимирана 3Д серија.

И покрај тоа што Калимеро ќе продолжи да оди со лушпа од јајце на главата, викајќи  дека „нема правда“, сепак многу од работите се  променети. Во новата серија тој повеќе не се препушта на меланхолијата, туку ги зема работите во свои раце и се обидува да најде решение.

Ликот на ова пиленце е создадено во јули 1963 година за потребите на реклама за прашок за перење алишта. Калимеро 11 години подоцна стана јунак од популарен  цртан филм кој се прикажуваше низ целиот свет.

 Новата 3Д серија, е создадена во италијанско- француско- јапонска продукција, има 106 епизоди кои ќе траат по 11 минути.

10.02.2014 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа