Романија бара Шведска да стави забрана за питање на романските Роми

Напорите на властите во Романија за интегрирање на сопствените ромски граѓани во романското општество се отежнуваат бидејќи им се дозволува тие да питачат во Шведска.

Имајќи го предвид тоа, време е да се разгледа и преиспита шведското законодавство, изјави Радута Маташе, романска амбасадорка во Шведска.

Таа смета дека „тоа што е дозволено да се питачи во Шведска не ги олеснува напорите на Романија да постигне социјална интеграција и зголемен степен на вработување меѓу Ромите“.

 

Маташе, исто така, ја потенцира потребата од зголемена шведско-романска соработка меѓу надлежните институции и невладини организации, како и засилена соработка меѓу полициите на двете земји.

09.02.2014 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега