Пеколни горештини во Австралија- активни 37 пожари

При гасењето на големите пожари кои беснеат во Австралија повреден е еден пожарникар.

Познато е дека ширум југоисточните делови на Австралија, температурата достигна над 40 степени Целзиусови што е пшричина за моменталните пожари.

Во моментов активни се 37 пожари кои се надвор од контрола и постои опасност да ги зафатат и околните селски населби.

Претставникот на пожарникарната служба во државата Викторија, Крег Лапсли истакна дека ова е најлошата ситуација со пожарите од 2009 година, кога во Викторија загинаа 173 луѓе, а уништени беа повеќе од 2.000 куќи за само еден ден.

Според Лапсли, во огнената стихија има уништени куќи, но засега нивниот број не е утврден.

Во соседниот Нов Јужен Велс горат 50 пожари.

09.02.2014 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа