Шпанската принцеза на сослушување во судот во Мадрид поради корупција

Шпанската принцеза Кристина денеска е изведена пред судот во Мадрид,з а да биде испрашувана за корупцискиот скандал во кој е вмешан нејзиниот сопруг,некогашниот најпознат шпански ракометар Инаки Урдангарин.

Ова е прв пат во историјата на Шпанија,висок член на шпанското кралско семејство да биде изведен на суд,за една криминална истрага.

Урдангарин,зет на шпанскиот крал Хуан Карлос,е осомничен за измама и за перење на пари во врска со непрофитната организација „НОС“ на која тој е претседател,а принцезата е член на управниот одбор.

Организацијата била создадена за изградба и организирање на низа спортски настани на Балеарските Острови и во реонот на Валенсија.

Според јавното обвинителство Урдангарин злоупотребил 5,6 милиони евра јавни средства на локалните влади, на регионите каде дејствувала организацијата „НОС“.

Обинителството тврди дека принцезата Кристина не само што знаела за работењето на својот сопруг,туку дека трошела од овие средства.

08.02.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега