Меркел ги нападна САД

Германската канцеларка Ангела Меркел како „апсолутно неприфатлива“ ја оцени изјавата на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд за ЕУ.

-Канцеларката изјави дека зборовите на Нуланд се апсолутно неприфатливи. Канцеларката уште еднаш сака да подвлече дека (шефицата на европската дипломатија Кетрин) Ештон одлично си ја извршува својата работа, рече портпаролката на Ангела Меркел.

Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да вложува исклучителни напори за ситуацијата во Украина да се смири.

Инаку, ЕУ денеска одби да ја коментира недипломатската изјава на американската функционерка.

-Не ги коментираме наводните телефонски разговори што протекоа во јавноста, рече портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

На ЈуТјуб се појави снимка од телефонски разговор меѓу Викторија Нуланд и американскиот амабасадор во Украина, Џефри Пјата.

Нуланд, меѓу другото, зборувала за вклучувањето на ОН во решавањето  во кризата во Киев.

-Мислам дека би било добро ОН да помогнат тоа да се реши, и знаеш, е..и ги ЕУ, рекла  американската дипломатка, која откако се крена прашината, се извинила за оваа своја изјава. 

07.02.2014 - 20:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега