Ова полициско куче било отпуштено ор работа поради мрзеливост

Фред е класичен пример за тоа кога добар талент ќе биде „фрлен низ прозор“. Ова куче кое беше во служба на полицискиот оддел од Мисисипи имал талент да открива банди, но бил премногу мрзлив и премногу забележлив во скришните акции. Од одделот морале да го отпуштат и да го вратат кај неговите претходни газди К-9 во Луизијана. 

Во одделот во Мисисипи велат дека бил премногу недисциплиниран и наместо да ја врши полициската работа, тој на моменти го откриле како си игра со лименка од сода и слични работи. 

Ова не е единствениот случај во кој куче добило отказ од работното место. Пред три години, во полицискиот оддел во Илиноис исто така К-9 по име Атом морале да го пензионираат поради тоа што нападнал осомничено лице кое веќе било приведено. 

 

 

07.02.2014 - 19:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа