Обид за киднапирање на авион кој се упатувал кон Сочи

Авион на турската авиокомпанија „Пегасус“, што полетал од Харков, во Украина, вечерва бил принуден од турските военовоздухопловни сили да се приземји во Истанбул по обидот за негово киднапирање од страна на украински патник, пренесоа турските медиуми.

Според непотврдени информации од турските медиуми, украинскиот патник се заканил дека ќе активира бомба доколку авионот, со 110 патници, не се насочи кон рускиот град Сочи, каде вечерва се отвораат Зимските олимписки игри.

Турското Министерство за транспорт во соопштение ја потврди информацијата за инцидентот.

Авионот е приземјен на истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ и полициски екипи извршуваат проверки, соопшти турскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен-Турк.

07.02.2014 - 19:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега