Запленета 400 килограми марихуана - успешна акција на албанската полиција

Полицијата од јужниот албански град Ѓирокастро, во денешната акција насловена „Сува река“ заплени 400 килограни марихуана, јави дописникот на МИА од Тирана.

Дрогата, пакувана во 327 пакетчиња, била натоварена во комби возило, потекнувала од селото Лазарат, а нејзината крајна дестинација бил италијанскиот нарко-пазар.

Како што потврди полицијата, во акцијата уапсени се и две лица, албански државјани, кои биле затекнати во возилото, возач  и сопатник во комбето.

Вчера, пак грчката полиција заплени 180 килограми марихуна натоварена во комби возило, а крајната дестинација била Атина.

Возачот на комбито, албански државјанин успеал да и избега на полицијата. Во возилото полицијата пронашла и 4.500 евра.

Од почетокот годинава, албанската, италијанската и грчката полиција имаат запленето над 10 тони марихуана, главно произведена во селото Лазарат, кое и понатаму останува бастион за произведувачите на марихуана, каде полицијата нема пристап.

07.02.2014 - 17:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа